Македонија

Тетовските обвинители почнаа да го разгледуваат извештајот на германските експерти за пожарот

Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово.

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.

-Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.

По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

aniwatcher app. Aniwatch Anime is another website offering audience to watch anime for free and viewers so far are quite impressed with the user-friendly interface

AniWatch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

My Dress-Up Darling Episode 2

AniWatch One-Punch Man

anime sites Pokémon Journeys: The Series

The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat Episode 10