December 9, 2018 21:17
Хроника

Тетовската полиција фатила 130 возачи без дозволи

СВР Тетово вчера регистрирал над 60 сообраќајни прекршоци од кои во Тетово- 30 и во Гостивар-31. Од нив 19 прекршоци се однесуваат на непрописно паркирање, 12 се за пречекорувања на максимално дозволената брзина, пет возачи почетници не се придржувале на законските ограничувања, двајца управувале без возачка дозвола итн. За сторените прекршоци возачите се санкционирани со 16 прекршочни  и 45 мандатни платни налози.

Од СВР Тетово информираат дека на поширокото тетовско подрачје, во текот на ноември годинава контролирани биле 5.384 возила. При тоа биле санкционирани 2.201 сообраќајни прекршоци. Поради констатирани прекршоци во овој период од сообраќај се исклучени 135 возила-21 бидејчи биле технички неисправни, 110 со истечена регистрација, а преостанатите поради различни видови други недостатоци.

 

Полицијата, исто така, исклучила од сообраќај и 240 возачи- 130 без положен возачки испит, 78 почетници, 28 кои управувале под дејство на алкохол и други. Откриените прекршоци заокружени се со 581 прекршочен и 1.178 мандатни платни налози, со 87 времено одземени возачки и 52 сообраќајни дозволи, додека 418 возачи впишале негативни бодови.

Related posts

Починат кумановец пронајден близу бензинска пумпа во Скопје

24info

Драма во Скопје: Крвнички претепани маж и жена во својот дом

24news

Видео од акцијата на МВР при апсењето на дилерите на дрога

24news