October 25, 2020 09:43
Хроника

Тетовец проголтал ќесички со марихиана и прашкаста материја кога ја видел полицијата

Вчера врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово со службено куче од Единицата за службени кучиња, извршиле претрес во домот и помошните простории на M.Л.(35) во Тетово.

При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, воздушна пушка „Дијана“ без сериски број, шест куршуми калибар 7,62мм и една запалка за рачна бомба.

Пред започнување на претресот, во дворот дошол и С.И.(22) од Тетово, кај кого подоцна, исто така, бил извршен претрес и, откако полициски службеници се обиделе да извршат преглед над него, во устата ставил неколку ќесички со марихуана и бела прашкаста материја.

Полициските службеници успеале да извадат дел од нив, додека дел ги проголтал, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.