Хроника

Тетовец паркирал во дворот па го прегазил петгодишниот внук

На 15.01.2020 во 16.40 часот било пријавено дека во с.Селце, тетовско, при паркирање на патничко возило во двор од куќа било повредено петгодишно дете од страна на неговиот дедо Ш.Г.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, по што било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Тетово.