Несреќното момче од Македонија, кој вчера попладне околу 18 часот се удави во близина на плажата Утјеха кај Бар, е 22-годишниот Енис Халили од Тетово.
Тој викендов пристигнал во Црна Гора, каде денеска требал да го има првиот работен ден, но неговата желба да се освежи по долгиот пат и слободното попладне што го добил од новиот работодавач се претвори во трагедија.
Според информации кои стигнале до соседите на Халили, како првична причина за несреќата се споменува силна морска струја која го повлекла подлабоко во морето.
„Тоа е животот. Наместо подобрa eгзистенција за еден млад тетовец, се случи трагедија. Енис велеше дека ќе оди таму, дека ќе работи, дека многу ќе се труди за да си обезбеди подобар живот“, изјави соседот за телевизијата Клан.