September 18, 2021 16:07
Балкан

Терористи одговорни за пожарите во Турција и Грција !?

Терористичката организација „Деца на огнот“ ја презеде одговорноста за подметнувањето пожари на турскиот брег, каде се наоѓаат познатите летни одморалишта Бодрум, Мармарис и Анталија, каде што најмалку осум лица загинаа во пожарите, а околу 400 се здобија со изгореници. Организацијата, поврзана со Курдистанската работничка партија (ПКК), која Анкара ја смета за терористичка, рече дека ги предизвикала пожарите „затоа што турскиот режим не разбира друг јазик“.

– Затоа е време режимот да падне на колена – рекоа тие.

Турските власти досега не ги коментираа обвинувањата, но турскиот министер Бекир Пакдемирли рече дека од вкупно 125 пожари што избувнале во последните четири дена, 117 се целосно изгаснати или ставени под контрола. Пожари, сепак, сѐ уште им се закануваат на одморалиштата.

Соседниот грчки остров Родос исто така беше погоден од пожари, а повеќето од домаќинствата останаа без електрична енергија. Прекинати се и услугите на мобилните оператори, додека во делови од островот нема вода за пиење. Пожарот се заканува и на познатата грчка долина на пеперутки, воената база Каламон и селото Псинтос, од каде што сите беа евакуирани. Од саботата беснее шумски пожар на Пелопонез, а жителите на неколку села се евакуирани. Од безбедносни причини, делови од автопатот од Патра до Коринт беа затворени.

Ситуацијата во Италија, каде што беснеат пожари, е само доказ за обемот на огнениот елемент од сомнително потекло, во туристичките дестинации. Од 15 јуни избувнале дури 37.000 пожари во Италија, што е за 16.000 повеќе отколку во истиот период од минатата година. Во моментов, 800 пожари се активни на Апенинскиот Полуостров, а се појавуваат нови. Највисока концентрација на пожари сѐ уште има во Сицилија, дури 257 во последните 24 часа.

Во шест од десетте подметнувања пожари, забележани се и осомничени подметнувачи на пожар, кои се под истрага за сериозно кривично дело со умисла. Пет лица се повредени, меѓу кои едно девојче, а 30 се отруени од чад, кога се појави голем пожар во јужниот дел на градот Пескара, регионот Абруцо. Обвинителството во Пескара го отвори случајот, а истрагата треба да утврди дали станува збор за подметнат пожар, или сметките на криминалците кои се обидуваат да ја сменат категоризацијата на земјиштето со пожари се во втор план.

Website https://gogoanime.be: Watch The Squid Girl 2 (Dub) gogoanime Episode 12 attack on titan gogoanime

AnimeTV Watch anime online, English anime online HD

Website https://animedao.nl: Watch Ao Haru Ride OVA animedao Episode 2 animedao pokemon

Watch anime online for free at 4Anime persona 4 the animation factor of hope

Prsync: http://prsync.com/animefreak/

Skitterphoto: https://skitterphoto.com/photographers/17834/animefreak