June 27, 2022 21:50
Спорт

Тен Хаг: Состојбата во Манчестер јунајтед не е добра, но има потенцијал за успех

Новиот тренер на фудбалерите на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави денеска за клупската телевизија дека состојбата на „Олд Трафорд” „не е толку добра”, но изрази уверување дека може да постигне успех.

Тен Хаг вчера од трибините го гледаше поразот на неговиот нов клуб од Кристал Палас (0-1) во последното премиерлигашко коло, со што Јунјатед ја заврши сезоната на шестото место.

– Актуелната состојба не е добра и мораме да ја прифатиме, но, исто така, мораме да бидеме свесни дека овој тим пред една година беше второпласиран во Премиер лигата, изјави Тен Хаг.

– Потенцијалот постои и сега нашата задача е тоа да го извлечеме од играчите. Тоа е процес и ќе биде потребно време, но уверен сум дека ќе можеме да дојдеме до точката кога ќе оствариме успех, порача холандскиот стратег на клупата на Јунајтед.

https://tai.go88.is/

sunwin apk 2022 đánh bài đổi thưởng sunwin sunwin trên ios