February 17, 2019 11:20
Спорт

Тен Хаг: Реал е голем предизвик за нас

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг изјави дека Реал Мадрид е голем предизвик за холандскиот тим.

– Овој ривал е огромен предизвик за нас. Целосно смефокусирани на утрешниот натпревар. Ова важи за сите наши фудбалери, изјави Тен Хаг.

Тој се наврати и кон неубедливите настапи на Ајакс во шампионатот во Холандија, каде доживеаја порази од Хераклес и Феенорд.

– Никој не сакаше тоа да се случи. Не играме постојано на високо ниво и тоа е проблем. Не игравме добро против Хераклес и Феенорд. Сега треба да бидеме доста посилни. Треба да го докажеме тоа и против Реал Мадрид, додаде тренерот на Ајакс.

Related posts

Историски меч: Роџер Федерер и Серена Вилијамс прв пат играат меѓусебен дуел

24info

Сензација на УС Опен: Федерер исфрлен од 55 тенисер на светот

24info

После петчасовна борба Надал ја преживеа драмата со Доминик Тим

24info