December 10, 2022 05:22
Спорт

Тен Хаг: Не го пуштив Роналдо од почит кон него, поради неговата одлична кариера

Тренерот на англискиот фудбалски премиерчлигаш Манчестер јунајтед, Ерик тен Хег објасни зошто не го стави во игра напаѓачот Кристијано Роналдо на натпреварот од 9. коло против градскиот ривал Манчестер сити (3:6).

– Го направив тоа од почит кон Кристијано, за неговата одлична кариера. Друг плус е тоа што успеав да го пуштам Марсијал, бидејќи му треба минутажа. Сè е прилично едноставно: немавме доволно верба во себе. Кога не веруваш, не можеш да победиш, а тоа е неприфатливо. Ни недостигаше дисциплина во спроведувањето на планот и бевме казнети. Сега ми е тешко да размислувам за позитивни работи. Ги разочаравме навивачите, се разочаравмеи ние, изјави Тен Хаг за „Би-би-си”.

Да потсетиме дека Роналдо за прв пат во сезоната го мина целиот натпревар на клупата за резерви.

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд се изедначи со португалскиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо по бројот на хет-трик во Премиер лигата. Двајцата играчи три пати постигнаа по три гола на натпреварите на турнирот. Норвежанецот тоа го постигна на осум натпревари, на Роналдо му беа потребни 232 натпревари.