August 8, 2022 18:55
Спорт

Тенисерите го победија Лихтенштајн и обезбедија опстанок во третата група на Дејвис Купот

Teниската репрезентација на Македонија го победи Лихтенштајн со 2:0 и така обезбеди опстанок во третата група од Дејвис Купот.

Првата победа за Македонија ја обезбеди Берк Бугариќ кој со 2:0 во сетови (6:2 и 6:0) беше подобар од Ерик Папард.

Во вториот меч Обрад Марковски го доби Андреј Спасоевиќ исто така со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2). Со тоа Македонија како што споменавме се задржа во третата група.