February 18, 2020 16:41
Македонија

Тендерските постапки во министерството за здравство се јавни и транспаретни за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се добиваа во партија

Соопштене за јавност- реакција на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од  ВМРО-ДПМНЕ

 Единствени кои треперат и се плашат од носењето на Законот за Јавно Обвинителствот се ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски извршителот на Никола Груевски.  Не постои никаква поврзаност помеѓу министерот Венко Филипче и наводниот објект за којшто  зборува ВМРО ДПМНЕ ниту пак со сопственикот на објектот и тоа е веќе јавно демантирано.

Секоја релација којашто ја спомнува ВМРО-ДПМНЕ е неоснована, произволна и резултат на претпоставки кои немаат врска со реалноста.

Во недостиг на конкретни идеи и програма, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конструирани случаи и претпоставки со кои се обидува да ги дискредитира успешните политики во здравството.

Министерството за здравство секоја набавка на медицинска опрема или материјал потребен за јавните здравствени установи низ целата држава ја реализира преку јавна и транспарентна тендерска постапка, кадешто се запазени сите правни и законски регулативи.

Можноста за какво било влијание врз тендерската постапка од страна на министерот или кое било друго лице од Министерството за здравство е целосно е исклучена, за разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога тендерите се доделуваа во партија.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат да понудат ништо освен деструкција, лажни вести и неодговорно однесување и затоа на 12 април повторно ќе бидат казнети нивните погубни политики.