February 2, 2023 21:20
Македонија

Телохранител на Апасиев навредувал по етничка линија, омаловажувал полицајци, па го извлекол подебелиот крај

Бојан Богески – Боки возач и обезбедување на лидерот на Левица Димитар Апасиев во петокот вечерта во прилично алкохолизирана состојба во скопската населба Чаир провоцирал и навредувал по етничка линија, влегол во конфликт со граѓани, како и со припадници на полицијата, по што го излвлекол поделебиот крај.

Среде Чаир Богески навредувал и им се заканувал на етнички Албанци, а тоа го потврдуваат и дуќанџиите кои биле присутни во моментот, а кои нашата редакција ги контактираше.

Боки бил приведен од интервентата полиција поради нарушување на јавниот ред и мир, како и поради омаловажување на службените лице и непостапување по наредба на полициски службеници

Претходно, различни медиуми пишуваа дека синоќа Боки, телохранителот и возач на Апасиев бил казнет затоа што пијан управувал со автомобил, а воопшто и немал возачка дозвола.

24инфо од свои извори во МВР дознава дека Бојан Богески – Боки и претходно бил сакциониран поради возење без возачка дозвола и поради возење во алкохолизирана состојба.

Политичката партија Левица денеска го демантираше овој случај, тврдејќи дека посоченото лице не е обезбедување на Апасиев, туку дека бил дел од нивниот партиски сектор Безбедност, иако на многу фотографии се гледа дека Богески дејствува каком лично обезбедување на лидерот на Левица.

Поврзани вести

Улици затворени кај Кале – МВР подготвена во целост да го сочува мирот и стабилноста на државата и граѓаните (Фото)

admin

Греењето во Скопје ќе биде исто за сите- од 6 до 22 часот и внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен

Valentina

Компјутери од Владата за училишта, Арсовска ги дели како донација од Град Скопје

admin