February 17, 2019 11:40
Магазин

Телото зајакнете го и освежете го со конзумација на малини

Ова овошје е вистинска ризница на витамин Ц и бета каротен, односно провитаминот А.

Полна со витамини и минерали, малината е идеална намирница за врелите денови. Содржи дури 85 проценти вода, околу десет проценти шеќер, глукоза и фруктоза, пектин, растителни влакна, органска киселина – лимонска, јаболкова, салицилна и мравја, ароматични материи, флавоноиди, како и алкалоиди.

Таа е вистинска ризница на витаминот Ц и бета-каротен, односно провитаминот А. Содржи и витамини од групата Б, како и минерaлите калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, бакар, цинк, па дури и јод.

Скопоцена е и за намалување на зголемената телесна температура при настинки, грип и други состојби. Нејзините плодови се користат и во лекувањето на астма, егзема, како и при терапиите за подобрување на апетитот кај децата.

Благодарение на редовното консумирање на малини се подобрува крвната слика, се регулира работата на цревата и се смируваат болките во желудникот, а се запира и повраќањето. Иако звучи неверојатно, малината помага и при трезнење.

Освен свежите и суви плодови, во лековите се користат и листовите, кои се уште побогати со витамин Ц. Од листовите, коренот и сувите малини се прават чаеви за воспалено грло, зајакнување на срцето, лекување на хемороиди, лишаи, осип и други алергиски реакции, како и за зајкнување на организмот.

Свежите малини единствено не се препорачуваат при тешки заболувања на бубрезите и гихт.

Related posts

Додека Венецуела гладува, децата на социјалистичките водачи се расфрлаат со богатство

Valentina

На протестите во Франција се роди љубов – се организираше венчавка помеѓу двајца припадници на “жолтите елеци”

24info

Зајакнување на имунитетот со едноставен метод

24info