October 18, 2021 06:33
Свет

Тексашки ренџери на удар на критики по камшикувањето мигранти од Хаити, загрижена и Белата куќа

Пограничните служби на Тексас се најдоа на удар на критики од јавноста откако се појави видео во кое се гледа како тие на коњи со ласо камшикуваат мигранти со темна боја на кожата. Инцидентот се случил во и околу реката Рио Гранде на границата со Мексико.

На кадрите од видеото во кое се гледа како тексашки коњаници спречуваат и камшикуваат поединци од група имигранти од Хаити кои се обидуваат да пренесат храна преку реката.

Веќе реагираше и Белата куќа. Портпаролката Џен Псаки изјави дека властите се загрижени од оваа ситуација и дека разбира зошто јавноста е згрозена. 

-Мислам дека сите кои го виделе видеото не сметаат дека тоа е дозволиво или нормално, рече Псаки.  

Истакна дека тоа е случај кога се употребени камшици како механизам за принуда. 

-Тоа се ужасни слики и вакви инциденти не смеат да се случат, изјави таа и додаде дека Белата куќа собира дополнителни информации за ситуацијата.  

Претходно беше соопштено дека администрацијата одлучила да депортира назад во земјата илјадници имигранти од Хаити кои во изминатиов период пристигнаа на јужната граница во привремениот логор во Дел Рио, Тексас. 

Не се знае дали инцидентот на јужната граница ќе придонесе да се разгледа оваа одлука.

Website https://animedao.nl: Watch The Life of Budori Gusuko (Dub) animedao Episode Full anime stream

Website https://wcostream.cc: Watch Mobile Suit SD Gundam Mk II wcostream Episode 3 wcostream

AniWatch: Cardfight!! Vanguard Link Joker anime episode 59 online free at https://aniwatch.pro animes online

Fate/Extra: Last Encore (Dub) (https://kissanime.mx/m/Jklb) Episode 10

Miarroba: https://miarroba.com/animefreakws

60c09ca9e6734 site123: https://60c09ca9e6734.site123.me/