February 17, 2019 11:23
Економија

Тевдовски: Праведниот данок ја намалува доходовната нееднаквост и го поттикнува економскиот развој

февруари 2019, Ереван – Министерот за финансии Драган Тевдовски присуствува на конференцијата: „Даноци, правда и економски развој“, што се одржува во Ереван, Ерменија, организирана од германската фондација „Фридрих Еберт“. Тој во своето излагање ги презентираше македонските искуства за реформирање на даночниот систем, со цел намалување на доходовната нееднаквост и забрзување на економскиот развој.

Министерот Тевдовски е поканет како говорник на конференцијата заради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.

-Само преку создавање на кредибилни институции и одговорно управување со истите можеме да одиме напред. Владата уште од почетокот е посветена на креирање на подобро општество за сите. Целите се подобар животен стандард за граѓаните, напредок на земјата и развој на економијата. Во делот на даноците сме посветени на креирање на праведен даночен систем – изјави министерот Тевдовски.

Тевдовски во својата презентација ги објасни и причините поради кои Владата одлучи кај нас да воведе праведен, прогресивен данок почнувајќи од годинава.

Министерот за финансии во своето обраќање направи споредба помеѓу прогресивните и рамните даноци. Зборуваше за нивните ефекти врз доходовната нееднаквост, јавниот долг и економскиот раст.

Related posts

Витаминка и оваа година учесник на саемот во Келн

Daniela

Бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за 2,5

Valentina

Компаниите од челичната индустрија загрижени поради мерките на ЕУ

Valentina