April 24, 2019 22:42
Економија

Тевдовски на конференција во Ерменија

Mинистерот за финансии Драган Тевдовски ќе учествува на конференција на тема „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од германската фондација „Фридрих Еберт Штифунг“, во Ереван, Ерменија, соопшти Министерството за финансии.

Тевдовски ќе ги презентира македонските искуства во областа на даночната политика. Тој исто така ќе учествува и на министерскиот панел, на кој ќе се дискутира за можностите за подобрување на даночниот систем на Ерменија.

„Тевдовски е дел од конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии“, велат од МФ.

Министерот во текот на посетата ќе се сретне со вицепремиерот Мер Григорја.

Нови вести

„Маџар телеком” одложен за 8 мај поради здравствени проблеми на еден од сведоците

Igor

Во програмата Практиканство се вклучија околу 950 млади лица

Daniela

Свинското нема да поскапи за Велигден и Први мај

Valentina