September 23, 2019 07:44
Култура

„Театар комедија“ снима документарец за актерката Анче Џамбазова

Националната установа „Театар комедија“ почна да снима документарен филм за големата актерка на македонската сцена Анче Џамбазова.

Од театарот велат дека овој филм ќе биде под режисерската палка на Миле Гроздановски, а сценариото го изработил Гоце Трајковски.

Во филмот ќе бидат прикажани разни аспекти од животот и кариерата на актерката Џамбазова, а премиерата на документарецот ќе биде во рамките на Фестивалот „Гола месечина“, односно на последната вечер од фестивалот (9 септември).

Овој фестивал се одржува под покровителство на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин, а ќе се одржи од 2 до 9 септември годинава.

Нови вести

„Златна камера 300″ за француската кинематограферка Хелен Лувар

Igor

На ИФФК „Браќа Манаки” доделена награда за најдобар документарен филм

Igor

50 години Светска галерија на карикатури Скопје 1969-2019

Igor