August 11, 2020 00:20
Свет

„Твитер“ ја сокри објавата на Трамп, го кршел правилото со кое се забранува величање на насилство

„Твитер“ го покри постот на профилот на американскиот претседател Доналд Трамп затоа што го крши правилото со кое се забранува величање на насилството, пренесуваат агенциите.

Твитот не е отстранет, туку е покриен со предупредување и може да се види кога ќе се кликне.

Во предупредувањето се вели: „Твитер одлучи дека во интерес на јавноста е твитот да остане достапен“.

Тоа е последниот заплет во спорот меѓу таа социјална мрежа и Белата куќа.

Трамп твитна за состојбата во градот Минеаполис, каде што протестираат неколку дена поради со убиството на црнец од страна на полицаец.

Претседателот напиша дека ќе ја испрати Националната гарда и предупреди дека кога ќе започне грабежот, пукањето започнува.

Друг твит беше покриен од „Твитер“ затоа што „го велича насилството“.

Правилото за додавање на предупредувања наместо бришење на твитови беше воведено од таа платформа кон средината на 2019 година.Но, Твитер никогаш не го примени тоа за Трамп, ниту пак некогаш избриша некоја негова објава.

Правилото значи дека другите корисници нема да можат да лајнуваат или да го повратат објавувањето, но ќе можат да го повратат заедно со своите коментари.

Потегот на Твитер се случи неколку часа откако Трамп потпиша указ со кој се бара да се ограничи заштитата на социјалните медиуми и слободата што ја имаат при модерирање на нивната содржина.