December 7, 2022 21:21
Свет

Тајфунот „Нору” се приближува до Виетнам, наредена евакуација на дел од населението

Виетнамските власти денеска наредија евакуација на дел од населението поради наближувањето на тајфунот „Нору”, што се приближува од насока на Фипипините каде предвизика поплави и однесе најмалку седум животи.

Се очекува ветриштата денеска да достигнат брзина од 183 километри на час, соопшти метеоролошката служба појаснувајќи дека ослабнатиот „Нору” ќе го зафати виетнамското копно во текот на утрешниот ден, од каде ќе се движи кон Тајланд.

Поради невремето се затвораат аеродромите во земјата што го пореметува редот на летање, а илјадници луѓе се принудени да ги напуштат своите домови.