October 31, 2020 13:29
Магазин

Тајо Круз се откажа од „Тик ток“ поради самоубиствени мисли

Британскиот рапер Тајо Круз проговори за причините поради кои се откажа од популарната апликација „Тик ток“, откривајќи дека сакал да го зачува своето ментално здравје.

Поп-ѕвездата, познат по хитовите Dynamite and Break Your Heart, рече дека бил цел на видеа и коментари со говор на омраза на апликацијата за споделување видеа.

„Телото ми се тресеше и имав самоубиствени мисли“, објасни тој на Инстаграм. „Фактот што се чувствував така, ме шокираше дури и мене.“

35-годишниот рапер додаде: „Некои корисници објавуваа омразни, исмејувачки видеа што поттикнуваа негативност, така што сè повеќе луѓе почнаа да се вклучуваат во потсмев и омраза.

„Мојата намера беше да направам забавни видеа и да комуницирам со моите фанови, но некои, кои нема да ги именувам, беа негативно настроени.“

„Заради сопственото ментално здравје, попрво би бил таму каде што сум добредојден, засега ‘Тик ток’  не е такво место. Социјалните мрежи не треба да бидат вакви, но, за жал, се.“