September 19, 2019 13:02
Магазин

Тајната е во исхраната: Спречете појава на седи влакна со помош на здрави намирници

Ако не сте поддржувач на пластични операции и немате време за досадни третмани, тогаш против стареењето борете се со исхрана.

Одредени намирници може да помогнат вашата коса да ја задржи бојата и да го одложи појавувањето на седи влакна.

Појавата на седи влакна не е во целост прашање на генетика, туку покрај други фактори, може да биде последица на недостаток на одредени хранливи материи. Овие намирници можат да помогнат во одложување на појава на седи влакна.

Зелено

Збогатете го вашето мени со зелен лиснат зеленчук кој е богат со витамин Б. Здравјето на вашиот скалп зависи од витамини Б-6 и Б-12, особено поради производството на црвени крвни клетки кои носат кислород и хранливи материи. Бојата на косата зависи од хормоните, а витаминот Б-2 е важен фактор во производството на хормони.

Чоколадо

Бакарот е многу важен во производството на меланин, кој е главниот извор за бојата на косата. Недостаток на бакар може да предизвика седа коса. За да му обезбедите на телото доволно бакар јадете чоколадо. Темното чоколадо содржи многу бакар, но и намирници како леќа и печурки.

Лосос

Лососот е познат како многу здрава храна, па не е ни чудо што се препорачува и за превенција на појава на седа коса. Селенот кој се наоѓа во лососот помага во регулирањето на хормоните кои се важни за зачувување на пигментот на косата.

Бобичесто овошје

Бобинките се одличен начин да го зголемите внесот на витамин Ц кој го стимулира производството на колаген и се наоѓа во фоликулите на косата. Витаминот Ц е одличен сојузник во борбата против слободните радикали, кои се поврзани со процесите на стареење. Витамините кои имаат антиоксидантни својства се и витамин А и витамин Е.

Бадеми

Овие вкусни плодови се богати со витамин Е, а содржат и многу бакар. Секогаш да ви бидат при рака, па со здрави грицки ќе ја изгасите гладта, но ​​и ќе го подмладите организмот.

Нови вести

Иран ќе им дозволи на жените да гледаат меѓународни фудбалски натпревари

Valentina

Кај тинејџерите со вишок килограми има поголем ризик од срцев удар

Valentina

Сопругот на најстарата прворотка на светот преживеа срцев удар

zane