June 18, 2019 17:16
Спорт

Тајгер Вудс се врати! Легендата освои гренд слем титула по 11 години

Тајгер Вудс го комплетираше најголемиот кам-бек во голфот и еден од најголемите во било кој спорт, откако ја освои својата прва гренд слем титула во голф по 11 години по петтиот триумф на Мастерсот во Џорџија, облекувајќи ја славната зелена јакна.

43-годишниот Вудс во последната рунда влезе со заостанување зад лидерот Франческо Молинари, но притисокот го направи своето и топчето на Молинари двапати заврши во водата за да дозволи Вудс да го комплетира триумфот, негов 15-ти на големите турнири.

Вудс немаше освоено гренд слем титула од 2008 година, кога победи на САД опен, а во Огаста немаше триумф од 2005 година. По ова следуваше драматичниот пад во формата, комбиниран со разводот со неговата сопруга поради неговата неверност, а тука беше и апсењето во алкохолизирана состојба.

Нови вести

УЕФА без коментар за притворањето на Платини

Igor

Македонските претставници во ЛЕ ги добија противниците во првото квалификациско коло

Filip

Притворен Платини, Саркози го „убедил“ да му го додели СП на Катар

Igor