Свет

Тајванскaта претседателкa: Aктивностите на Кина во нашите води ги загрозуваат мирот и стабилноста

Кинеските маневри околу Тајван ја менуваат „статусот-кво“ позицијата во регионот на Индо-Пацифик, рече тајванската претседателка Цаи Инг-Вен, ветувајќи дека ќе работи со САД и со другите земји за зачувување на регионалната стабилност.

Цаи ја извести неофицијалната американска делегација предводена од поранешниот демократски сенатор Кристофер Дод дека Кина често распоредува бродови и авиони за да извршат маневри во водите и воздушниот простор околу Тајван.

„Овие активности ја менуваат „статус-кво“ состојбата во областа на Индо-Пацификот и го загрозуваат регионалниот мир и стабилност“, рече Цаи.

Дод рече дека партнерството на САД со Тајван е посилно од кога и да е, затоа што САД и Тајван имаат силни економски врски, заедничка посветеност на демократските вредности и „критичко безбедносно партнерство“.

Дод вели дека дошол во Тајван на покана на неговиот долгогодишен пријател, претседателот Џо Бајден, за да ја потврди посветеноста на Америка кон овие партнерства и да ја продлабочи соработката за многу заеднички интереси.

Тој исто така и кажа на тајванската претседателка дека администрацијата на Бајден е доверлив пријател на кој може да му се верува.

Администрацијата на Бајден ќе му помогне на Тајван да го прошири својот меѓународен простор, да ги поддржи инвестициите во одбраната и да ги зајакне веќе силните економски врски, рече Дод.

AnimeDao the daily life of the immortal king animedao: Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 8

AniWatch watch animes: Watch The Promised Neverland Episode 2