December 9, 2022 01:13
Свет

Тајвански милијардер со закана до Кина: Ќе формирам војска од платеници, ќе дојдете овде само преку мене мртов

Со заштитна кацига на главата и панцир, тајванскиот милијардер Роберт Чо најави дека е подготвен да плати за обука на армијата за одбрана на Тајван од Кина.

Чо, претприемач најпознат по својата компанија за полупроводници, изненади многумина со својот воинствен став, особено кога се обидуваше да дејствува како мост меѓу непријателскиот остров и континентална Кина во неговите помлади години.

Но, 75-годишниот милијардер сега е решен да изгради армија која јасно ќе му стави до знаење на Пекинг дека Тајван има богати спонзори кои нема да дозволат островот да стане уште еден Хонг Конг.

Во својот голем говор за формирањето на тајванската доброволна армија за одбрана од кинеските претензии, Чо ги осуди комунистичките насилници и објави дека се вратил на својот роден остров. Но, тој отиде чекор подалеку и рече дека дава еквивалент од 96 милиони евра за да ги обучи „граѓанските воини“ на Тајван, бранителите во случај на кинеска инвазија.

Петтина од ветените средства треба да одат за Кум Академија, училиште кое организира курсеви за прва помош и цивилна заштита. Планот на Као е да потроши 15 милиони евра за обука на цивилни снајперисти, а има намера да купи милион дронови откако ќе види колку се ефективни во конфликтот во Украина.

„Морав да се вратам за да им ја откријам на луѓето природата на сегашниот кинески режим“, рече Као.

„Тие се како мафијата, организирани криминалци под маската на владата. Тие ќе дојдат во Тајван само преку мене мртов“, рече тој од својот дом во Тајпеј.

Во својата кариера, Као добро го искористи брзиот раст на Кина како светска фабрика, а неговата Обединета корпорација за микроелектроника беше важен дел од економската трансформација на Тајван.