January 20, 2020 22:47
Свет

Тајванската полиција рани маж кој подметнал експлозив пред опозициската партија Куоминтанг

 Тајванската полиција ранила маж за кого има сомнение дека подметнал експлозивна направа пред канцелариите за кампања на главната опозициска партија Куоминтанг.

Пред влезот во канцелариите на Куоминтант во градот Таинан, најден бил уред што содржел жици, течност и прашкаста материја, се наведува во соопштението.

При упадот во неговиот стан полицијата пукала врз осомничениот маж, го ранила, по што тој бил префрлен во болница. На 11 јануари на Тајван се оддржуваат претседателски избори, а кампањата за нив е во полн ек.

Куоминтанг, главниот политички ривал на Демократската народна партија на актуелниот претседател на тајван, фаворизира блиски врски со Кина.

Нови вести

Двајца загинати во пукотница во ноќен клуб во Сан Антонио

Filip

Седница на Советот за безбедност на ОН по резултатите од берлинската конференција за Либија

Filip

Макрон: Одличен разговор со Трамп за дигиталните такси

Filip