September 30, 2020 07:33
Балкан

Тачи: Косово им верува на САД, од Брисел е разочарано

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека Приштина верува во улогата на САД кога станува збор за продолжување на дијалогот со Белград и дека се разочарани од Брисел поради неможноста за визната либерализација.

Тој изрази надеж дека ЕУ целосно ќе го поддржи процесот на дијалогoт.

„Се надевам дека Брисел ќе биде целосно посветен на динамичниот процес меѓу Косово и Србија. САД и ЕУ се гаранција за успех затоа што Косово има намера да биде дел од ЕУ “, рече Тачи, пренесоа приштинските медиуми.

Во САД и неговите официјални претставници, рече Тачи, Косово верува целосно.