October 28, 2020 00:09
Балкан

Тахири: И Србија може да го промени Уставот

Поранешната косовска министерка за дијалог меѓу Белград и Приштина, Едита Тахири, се огласи по  изјавата на специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак дека Уставот на Косово не е Библија и дека секогаш може да се промени, пренесе „Б92“.

-По неодамнешната посета на Лајчак на Косово и Србија, мојата порака е дека почетната точка на конечниот договор е Србија да го промени уставот со отстранување на Косово од него. Зборувам од позицијата поранешен шеф на преговори на која бев седум години, напиша Тахири на Твитер.

Мирослав Лајчак вчера во Белград изјави дека се во врска со Заедницата на српските општини (ЗСО) веќе е договорено и потпишано и треба да се реализира, како и дека косовскиот устав може да се промени и дека тоа не е Библија.