January 16, 2021 06:47
Спорт

Тафа и Јусуфи нови имиња кај Ренова

Поранешниот македонски фудбалски шампион Ренова зимскиов преоден рок го користи да создаде конкурентен состав со кој ќе ги решим дилемите во трката за опстанок многу порано Тимот од Џепчиште денека промовираа уште две засилувања, дефанзивецот Арбен Тафа и играчот за врска Фатјон Јусуфи со што стигна до бројката од шест нови имиња кои ќе конкурираат за составот на тимот во пролетниот дел од сезоната. Ренова пред Тафа и Јусуфи, га ангажираше голманот Вулнет Ислами, хрватскиот интернационалец Марко Гајиќ, потоа Арменд Алити и колумбискиот напаѓач Џон Мена.

Тафа во Ренова доаѓа како слободен играч, откако есеноска го раскина договорот со струмичка Беласица, а претходно три години беше дел од Струга Трим Лум. Овој 28-годишен стопер е поранешен фудбалер и на Хоризонт Турново и Влазерими.

Јусуфи е дете на овој клуб каде мина пет години откако од младинскиот погон влезе се пресели во првиот тим и беше дел од него до 2019 година, а потоа тргна на печалба во албански Партизани од Тирана и во ерменски Ширак Гимри. Последен клуб му беше Шкупи со кого спогодбено го раскина договорот.