December 7, 2022 20:59
Македонија

Таткото на момчето кое со возило падна во Вардар апелира да го најдат син му жив или мротов

Трет ден  нема ништо ново од потрага по 22-годишниот кумановец Е.Р. кој со возило падна во реката Вардар кај Желино, тетовско. Таткото на момчето, Насер Рамадани ги повика институциите да го најдат син му – жив или мртов.

-Повикувам да ми го пронајдат син ми. Задоволен сум од селаните, многу придонесоа“, вели Насер за ТВ 21.

Дали институциите се на терен, гледам дека има полицајци, пожарникари и нуркачи?

-Вчера беа малку, денеска повеќе. Се надевам да го најдат.

Рековте дека сте биле на печалба, кога ја добивте веста? Кој ве извести?

-Мене ме извести брат ми, бидејќи уште еден од моите браќа е на печалба. Бев на работа и ми кажа дека направил сообраќајка и дека паднал во вода. Вчера чекавме од 5 часот, а претставници на институциите дојдоа во 12.