June 17, 2019 05:15
Спорт

Таткото на Верстапен демантираше за контакт со Мерцедес

Таткото на Макс Верстапен ги демантираше тврдењата дека Тото Волф се јавил на неговиот син, и така индиректно ги отфрли гласините за интерес од страна на Мерцедес.

Претходно, советникот на Ред Бул, д-р Хелмут Марко изјави за „Ауто Билд” дека шефот на германскиот тим се слушал телефонски со пилотот редовно во последниве месеци. Тој спомена и дека во договорот на Холанѓанецот има клаузула, која му овозможува да си замине, ако тимот се претставува слабо.

– Тото никогаш не му ѕвони на Макс. Дури мислам дека нема негов број. Јас понекогаш зборувам со Тото, но тоа е нормално. Ние сме многу задоволни од Ред Бул и од партнерството со Хонда. Работиме заедно за да го оствариме големиот сон, изјави таткото на Макс, Јос Верстапен.

Нови вести

Гарсија го освои турнирот во Нотингем

Filip

Дресот на бејзбол легендата Бејб Рут продаден за 5,6 милиони долари

Filip

Вест Хем со понуда до Макси Гомез

Filip