September 29, 2020 09:25
Македонија

Таравари: СДСМ и ДУИ ќе направат влада, преговорите се театар

СДСМ и ДУИ прават театар пред да постигнат договор за формирање на нова влада, која ќе има мнозинство од 62 пратеници заедно со ДПА, изјави генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во емисијата „Што не е јасно“ на ТВАлфа.

-Не верувам дека СДСМ има поддршка од некој пратеник од ВМРО или од друга партија, така што владата ќе има нестабилно мнозинство. Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот. ДУИ е огромно зло за Македонија, карцином метастазиран низ целиот систем. Се додека е ДУИ на власт нема да можат да се спроведат реформи, рече Таравари.

Тој додаде дека соработката со Алтернатива на Африм Гаши е цврста и најави дека отсега разговараат за локалните избори.