December 3, 2022 09:19
Македонија

Таравари: Светскиот ден на учителите не наоѓа без книги

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари по повод Светскиот ден на учителите упати честитка до сите наставници насекаде.

Претседателот Арбен Таравари уште еднаш апелираше до Владата на Република Северна Македонија за недостигот на книги во училиштата.

“Им честитаме на сите наши учители каде и да се и ја користиме можноста да апелираме за шокантната ситуација предизвикана од недостатокот на учебници. Веќе е втор месец од учебната година И цеуште нема книги. Учителите и родителите се загрижени”, изјави градоначалникот Арбен Таравари.

Општина Гостивар минатата недела констатира недостиг од 25.156 книги во основните и средните училишта во Гостивар и тоа во О.У “Исмаил Ќемали” има недостиг од 3.193 книги, “О.У Единство 428 книги”, О.У “Гоце Делчев” 1,233 книги, О.Ѕ “Мустафа Кемал Ататурк” 2.133 книги, О.У Ѓон Бузуку 2 книги, О.У “Фаик Коница” 25 книги, О.У “Перпарими” 1.233 книги О.У “Лирија” 596 книги, О.У “Форина” 486, О.У “Чајла” 76 книги, С.У “Медицина” 8.985 книги, С.У “Економски” 943 кнги и С.Т.У “Гостивар” 5.825 книги.