January 15, 2021 06:04
Македонија

Таравари: По јавното извинување од Мицкоски за 27 април можна е коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива

Арбен Таравари, генерален секретар на Алијанса за Албанците, вечерва на ТВ21 најави дека е можно да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива. Како што рече тој, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, јавно се извинил за немилите настани кои се случија во Собранието на 27 април.

-Тоа е голема порака – рече Таравари.

Според Таравари, лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде Албанците се напишани како етничка заедница со 20 отсто од населението.

-Тоа, би било прецизно напишано како Албанци, наместо 20 отсто – истакна Таравари.