April 19, 2019 22:47
Македонија

Таравари: Нема да паднеме на ниво на посмртни кампањи

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на прес-конференција изрази сочувство до семејството Меџити за губење на нивната ќерка и ги отфрли шпекулациите дека некој ќе има политичка корист од несреќата.

„И покрај гневот акумулиран овие денови, јас и мојот тим нема да паднеме на ниво на посмртни кампањи, ќе ја сочуваме почитта кон споменот за ова девојче и за семејството Меџити. Според полицискиот извештај, точно е појаснето зошто и како се случила несреќата. Сè што произлезе од шпекулациите што се поајвија побрзо од самата вест за смртта, не е точно“, рече Таравари“.

Градоначалникот додаде дека несреќата не е предизвикана од никаква небрежност, туку од судбината што се поигрува со вакви трагедии.

„Би ве замолил да покажете респект во овие тешки часови за семејството Меџити. Особено ова барање го упатувам до оние кои се заслепени од копнежот за власт и сакаат да прават политика со човечка трагедија. Тука до мене требаше да биде таткото на починатата, но тој веќе три часа е во полицијата. Претпоставувам дека го држат во полиција со цел да се изврши квалитетна истрага и не е со некаква позадина за да не учествува на оваа прес-конференција, рече Таравари.“

Јас сум лекар по професија, додаде градоначалникот, но никогаш не научив како да бидам цврст во вакви случаи.

Џејха Меџити пред неколку дена падна во реката и се удави, бегајќи од куче скитник.

 

Нови вести

Заев: Не го фрлајте сопствениот глас, опција за сите е „Заедно напред”

Filip

Сиљановска од Штип: Претседателот не треба да има повеќе ингеренции

Filip

Мицкоски од Пробиштип: Победа најпрво на претседателските избори, а потоа победа на предвремени парламентарни избори

Filip