September 27, 2020 20:47
Македонија

Таравари: Заев имаше шанса да биде Тито, ама не ја искористи

Зоран Заев имаше историска шанса да биде Тито, ама не ја искористи. Ова вечерва во „24 анализа“ го кажа генералниот секретар на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во делот од дебатата за тоа какви се шансите албанската опозиција да победи на изборите кај албанскиот електорат.

На прашање дека и СДСМ се надева на гласови од Албанците, Таравари рече дека Албанците се разочарале од СДСМ и дека тоа го покажале на претседателските избори.

– Заев имаше историска шанса да биде Тито, ама не ја искористи – рече Таравари.