November 18, 2019 23:40
Економија

Танасоски: На граничните премини се врши засилена контрола согласно препораките од АХВ

Царинската управа врши засилени контроли на граничните премини согласно препораките од Агенцијата за храна и ветеринарство за првенција од свинската чума.

Ова го соопшти директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски на прес-конференција во Сојузот на стопански комори одговорајќи на новинарско прашање за забелешките од стопанствениците дека Царината треба да биде поагилна и построга особено на патниците од Бугарија.

– Царината во однос на свинската чума има засилени контроли и тоа е согаласно одлуката на Владата. Сите институциите што учествуваат во граничните контроли добија насоки, каде најголемата одговорност ја има преземено Агенцијата за храна и ветеринарство. Ние ги спроведуваме сите насоки кои ги добиваме од Агенцијата, рече Танасоски.

Нови вести

МЗШВ прави напори за слободен извоз на македонски прехранбени производи во Кина

Igor

Ангеловска: Ги претставивме економските параметри, ќе ги анализираме заклучоците

Igor

Свеста за енергетска ефикасност кај компаниите се уште ниска

Igor