December 9, 2022 14:43
Живот

Тамара Тодевска освои награда за „Пејачка од Македонија“

Тамара Тодевска освои награда за „Пејачка од Македонија“, на меѓународниот фестивал “Best of Rumeli 2022”, кој вчеравечер се одржа во Истанбул, Турција. Во обраќањето пред присутните Тамара се заблагодари до организаторот и истакна дека за Истанбул секогаш ја врзуваат убави спомени:

– Низ досегашната кариера имам добиено повеќе награди, признанија и секоја од нив ми е особено важна.Овие награди не се само обични предмети туку се доказ за квалитетот на работатата, за музиката која ја продуцираме, за фактот дека си препознаен и надвор од своите граници.

Искрено, Ви благодарам за честа и за фактот што повторно ме направите горда, посочи Тодевска.

Тамара веќе го најави и своето учество на домашниот фестивал „Макфест“, аво претстојниот период планирано е и издавање на две нови песни.