June 19, 2019 05:39
Магазин

Тамара најдобар годинашен женски евровизиски вокал

Вкупно 23,3 отсто од гласачите за најдобар женски вокал и го дале својот глас на македонската претставничка Тамара Тодевска, што е и прв воопшто трофеј за нашата земја на ова натпреварување. Зад Тамара се Кејт Милер-Хајтке од Австралија и Тамта од Кипар.

Во категоријата за најдобра песна, наградата и припадна на победничката „Аркада” во изведба на Данкан Лоренс од Холандија.

Лука Хани од Швајцарија победи во категоријата за најдобар машки изведувач, оставајќи го победникот Данкан на второто и италијанецот Махмуд на третото место.

Норвежаните „КЕИНО” се прогласени за најдобра група.

Гласањето за Радио-наградите на Евровизија 2019 година траеше од 1 до 10 јуни, а фановите и слушателите на Евровизискиот натпревар низ светот одлучуваа кому ќе му припаднат трофеите.

Нови вести

Возел со ГПС: Пензионер тргнал со автомобил од Њукасл за Рим па завршил во Германија

Igor

На интернет аукција: Мислел дека за 9.000 долари купил вила, добил тревник од 50 долари

Igor

„Самсунг“ ги советува потрошувачите редовно да ги скенираат своите уреди за вируси

zane