December 8, 2022 23:48
Свет

Талибанците купуваат деривати и пченица од Русија, плаќањето во рубљи

Талибанските власти потпишаа привремен договор со Руската Федерација за годишни набавки руски бензин, дизел-гориво и пченица за Авганистан.

Портпаролот на Министерството за индрустрија и трговија во Кабул Ахунџада Абдул Салам Џавад, во изјавата за агецијата ДПА појаснува дека договорот вклучува годишна набавка на милион тони бензин, милион тони дизел гориво, половина милион тони гас и два милиона тони пченица, додавајќи дека испораките се очекува да почнат да пристигаат наскоро

Талибанците велат дека купената стока на Русија ќе ја платат во рубљи.

Вршителот на должноста министер за индустрија и трговија на талибанците, Нурудин Азизи, кој ја посети Русија минатиот месец, рече дека Москва им понудила на талибанците попуст на нарачаната стока.

Москва се уште не го коментирала договорот. Доколку се потврди, тоа ќе биде првиот голем меѓународен трговски договор за талибанците по нивното враќање на власт во Авганистан минатата година.