September 18, 2021 16:46
Свет

Талибанците бараат оставка на авганистанскиот претседател

Радикалните талибанци сметаат дека за мир во Авганистан и прекинот на огнот е неопходно формирање нова влада во земјата и оставка на претседателот Ашраф Гани.

Сухејл Шахин, портпарол на политичката канцеларија на талибанците во Катар, истакна дека талибанците „не веруваат во монопол на власта”, бидејќи претходните авганистански влади, кои се залагаа за тоа, не беа „успешни”.

– Не сакаме да ја повторуваме истата формула, рече портпаролот.

Истовремено, тој додаде дека преговорите со власта се добар почеток. Во меѓувреме, многукратните барања на авганистанските власти за прекин на огнот се еднакви на „предавање” на талибанците, нагласи Шахин.

– Тие не сакаат помирување, туку капитулација, додаде талибанскиот портпарол.

Според него, за да има прекин на огнот во земјата, потребно е да се постигне договор за нова влада, „прифатлив за нив и за другите Авганистанци”.

– И тогаш нема да има војна. „Новата влада ќе им овозможи на жените да работат, да учествуваат во политика и да одат на училиште, но тие ќе треба да носат хиџаб, изјави Шахин.

Тој смета дека во областите окупирани од талибанците, борците мора да обезбедат функционирање на универзитетите, училиштата и пазарите, како и досега.

– Апсолутно никој, вклучително и јас, не сака граѓанска војна, рече портпаролот.

Шахин истакна дека талибанците не планираат воена офанзива против Кабул, а движењето „се воздржува” од заземање на главните градови на авганистанските провинции.

Watch Full Metal Panic! Invisible Victory Recap (Dub) Episode 2

Website https://aniwatch.pro: Watch Prince of Tennis: National Championship Chapter aniwatch Episode 13 watch anime dub

Watch Battle Girls: Time Paradox Episode 13

GoGoAnime: Mahou Shoujo Lyrical Nanoha: Detonation anime episode Full online free at https://gogoanime.be gogoanime my hero

Able2know: https://able2know.org/user/animefreakws/

Bit: http://bit.do/https-animefreak-ws