August 5, 2021 04:22
Македонија

Талески: За Прилеп во три години направивме повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ во три мандата!

„СДСМ за три години направи„ многу повеќе за Прилеп, отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12 години“, подвлече пратеникот на СДСМ, Миле Талески на партиската трибина во градот. Тој додаде дека се реализирани голем број капитални инвестиции во Прилеп, особено во инфраструктурата.

-Кај ТИРЗ Прилеп, изградивме клучка. Капитална инвестиција, која заедно со другите инвестиции во Зоната, изнесува 6 милиони евра. Со нејзината изградба, ја подобривме безбедноста на сите учесници во сообраќајот на тој потег, а секако допринесовме и за побезбеден транспорт на стоки и услуги, обезбедивме услови за нови инвестиции во зоната и нови работни места. Реконструиравме околу 16 километри од Регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола. Тоа прва негова реконструкција откако е изграден во далечната1964/65 година. Поставен е нов асфалт, нови банкини, нова сигнализација, изјави Талески.

Тој потсети и на рехабилитацијата на патот до Прилепското езеро, патот за Мариово, но и изградбата на патот од Волково преку Прилепец до манастирот „Св.Никола“, каде е поставен асфалт во должина 5.5 километри, при што е подобрена пристапноста до овој духовен храм.

-Примарната гасоводна линија веќе поминува покрај Прилеп. Наскоро, согласно предвидената динамика, ќе стартува и секундарна гасификација на градот. Реконструирани се улици во сите делови на Прилеп и населените места. Се реконструира водоводната и канализационата мрежа и се гради нова секаде кадешто нема. Заради сето ова, најодговорно тврдам дека за 3 години изградивме повеќе, отколку ДПМНЕ во три мандата, заклучи Талески.

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Watch Re:Zero kara Hajimeru Break Time 2nd Season Episode 25

AnimeHeaven Watch anime online, English anime online HD. AD Police Files Episode 3

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD. Ore ga Suki nano wa Imouto dakedo Imouto ja Nai Specials (https://gogoanime.be/m/7LYz) Episode 2

KissAnime Blogger: https://www.blogger.com/profile/09364928539063079000