September 28, 2020 04:16
Ракомет Спорт

Талески го има најсилниот шут на Европското првенство

Македонскиот ракометар, Филип Талески го има најсилниот шут во досегашниот дел од Европското првенство. 

Името на Филип Талески стои на првото место на листата за најсилен шут на првенството. Македонскиот бек упати удар кој имаше брзина од 141 километар на час.
Високо котира и Кире Лазаров на листата на стрелци. Тој е трет најдобар стрелец во досегашниот дел од првенството со 19 голови, пред него се Сагосен со 22 и Билик со 21.