December 5, 2022 22:42
Спорт

Талентираниот дефанзивец на Динамо е на мета на европските гиганти

Младиот дефанзивец на Динамо Загебац, Јосип Шутало е на мета на клубови од најсилните европски лиги, пренесува италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

Лајпциг покажа интерес за 22. годишниот Шутало, кој е висок 190 сантиметри.

Романо наведува дека во трката за новопечениот хрватски репрезентативец има уште најмалку три клуба, меѓу кои и клубови од Англија и Шпанија.

Шутало е роден во Чапљина (БиХ), а ги помина сите младински категории на Динамо и на хрватската репрезентација.