December 3, 2022 10:06
Македонија

Таканаречените мерки на анти македонската СДС се само бледа ПР алатка за граѓаните да мислат дека нешто работат

Таканаречените мерки од владата на анти македонската СДС се само бледа ПР алатка за пред јавноста дека нешто работат.

Граѓаните плаќаат најскапа електрична енергија во Европа, а стопанството плаќа и дупло повисока цена за електрична енергија.

Лицемерието на СДС го достигна врвот. Заради катастрофалниот пораз на локалните избори, криминалците од владата предводена од СДС ги казнува граѓаните со тоа што не ги вметнува комуналните претпријатија во регулираниот пазар на електрична енергија, а со тоа претпријатијата се приморани да ги зголемуваат цените на комунални услуги и граѓаните да плаќаат повисоки сметки.

Половичните мерки не се доволни за справување со енергетската криза. Владата на анти македонската СДС веднаш да ги стави комуналните претпријатија во регулираниот пазар за електрична енергија, бидејќи истите заради високата цена на струјата се на раб на банкрот.

Стотици компании ги затворија своите бизниси, бидејќи не можат да ја преживеат кризата, а со тоа и илјадници граѓани ги загубија своите работни места.

Над 500 илјади наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, бидејќи криминалците од СДС и ДУИ мислат само на тендери во 4 очи и како повеќе да украдат од џебот на граѓаните.

Дезертерот Ковачевски сокриен во глувческа дупка бега од средба и ТВ дуел со претседателот Мицкоски, исплашен од разобличување на неговите лаги.

Нека го прифатат планот за справување со енергетската криза на претседателот Мицкоски, и со тоа граѓаните, но и државата ќе заштеди над 300 милиони евра.

Едноставно е. Дезертерот Ковачевски нека ја надмине суетата и нека го прифати планот на претседателот Мицкоски.

Доколку се убедени во нивните исправни мерки, како и реализацијата на проекти, нека не се плашат од анти македонската СДС и нека излезат на избори.