September 25, 2021 04:29
Македонија

С.Македонија во исчекување на преговарачката рамка

Северна Македонија заедно со Албанија е во исчекување на презентацијата на нацрт преговарачката рамка која деновиве треба да ја претстави Европската Комисија.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска на виртуелната панел дискусија „Пристапување во ЕУ на Западен Балкан: Кредибилност, предвидливост и политичко водство”, во рамки на Економскиот форум Делфи, што се одржа од Атина, најави дека во следните денови ќе ја претстават преговарачката рамка.

На панелот учествуваа и лидерот на СДСМ Зоран Заев заедно со премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а преку видео порака на форумот се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вархеји нагласи дека тоа е „следен чекор во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, по што многу брзо ќе почнеме да работиме на тоа во Советот на ЕУ, со цел земјите-членки да ја одобрат и да продолжиме со процесот на пристапување”.

– Во споредба со минатиот октомври, сега имаме нова методологија за процесот на проширување и успеавме да донесеме одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Вархеји, додавајќи дека за Европската комисија, уште од првиот ден кога стапил на функцијата, односите со Западен Балкан се еден од највисоките приоритети.

Еврокомесарот оцени дека сите овие напори не можеа да се случат доколку Северна Македонија и Албанија не испорачаа резултати. – Тие испорачаа и затоа за нив во пакет беше донесена одлука за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ, рече Вархеји.

Тој изрази жалење што има мало одложување за големиот економско-инвестициски план за регионот поради ситуцијата со коронакризата, но изрази надеж оти истиот ќе може да го презентира на почетокот на есента. Сепак, рече, ЕК успеа да обезбедиме поддршка преку инструментот за финансиска помош во износ од 3,3 милијарди евра за време на кризата, што според еврокомесарот, беше многу важен знак колку се посветени кон тоа Западен Балкан да стане интегрален дел од Европската Унија.

Премиерот Заев на панелот истакна дека Договорот од Преспа е добар знак за иднината на цел Балкан.

-Сега е време да ја зајакнеме соработката и да ја зголемиме меѓусебната доверба. Верувам дека сите наши соседни земји што се членки на ЕУ се многу посветени за европската иднина на Западен Балкан, истакна Заев.

Тој истакна дека земјата е посветена на европската агенда, но оти има простор да се направи уште повеќе, не само поради исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ, туку првенствено заради подобрување на животот на граѓаните, а тоа, според него, ќе се направи преку зголемување на довербата во институциите.

– Среќен сум што за време на мандатот на еврокомесарот Вархеји добивме историска одлука по 15 години за почеток на преговори. Сметам дека новата методологија ќе биде фер шанса за сите нас и ако сме навистина посветени ќе имаме повеќе отворени поглавја и повеќе постигнувања, рече лидерот на СДСМ и изрази надеж оти набрзо ќе станеме полноправни членки на ЕУ.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, потврди дека прашање на денови е кога Европската Комисија ќе ја предложи преговарачката рамка што ќе биде исчекор во следната фаза на нашите преговори.

-Да, се уште има разговори кои се водат во последните минути, што не значи дека тоа се однесува на вашата земја. Повеќе станува збор за имплементацијата на новата методологија во преговарачката рамка. Ова е новиот елемент, кој го немаше во претходните преговори, со Србија и Црна Гора. Затоа, малку е почувствително и сега се одвива одредено фино прилагодување во Брисел за тоа прашање. Но и покрај тоа, рамката ќе биде усвоена. Ова е документот кој ќе ги води преговорите, ќе ги содржи принципите и упатствата. Суштината на преговорите, како и процедурата. Ова е нацрт, кој потоа ќе биде претставен пред земјите членки, но тоа е секако значаен документ. Значаен чекор на патот на вашата земја кон ЕУ, изјави Жбогар вчера во интервју за ТВ Телма.

Тој посочува дека го нема видено документот, за којшто се уште ќе разговараат земјите членки, но убеден е дека нема да содржи негативни изненадувања по нас кога ќе го добиеме. Драфт верзијата ќе им биде презентирана на земјите членки, кои потоа ќе го финализираат документот, а таа финална верзија ќе биде позицијата на ЕУ за преговорите.

Во врска со рамката за преговори со ЕУ, и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи деновиве на прес-конференција изјави дека според информациите со кои располагаат во тек се разговори за одредбите кои треба да ги содржи новата методологија. Рамката, посочи Османи, е исклучително важен документ за преговорите, бидејќи во неа се утврдуваат принципите по коишто ќе се водат преговорите, суштината, како и одредени процедури.

– Нашите информации се дека во моментот се разговара околу новите одредби кои ги предвидува новата методологија, пред се, во мнозинството и начинот на користење на мнозинството во суспендирање во унапредување на процесот на преговорите…, истакна Османи.

Animepahe Watch anime online, English anime online HD

GoGoAnime: Genius Party Beyond anime episode Full online free at https://gogoanime.be anime gogo

AnimeFreak: Brave Witches (Dub) anime episode 12 online free at https://animefreak.ws anime

Cat Planet Cuties (https://animekisa.in/m/G4g) Episode 12

Evensi: https://www.evensi.com/profile/gogoanimebe/3586508/savethedate/

Sites google: https://sites.google.com/view/animefreakws