August 21, 2019 23:45
Македонија

СЈО со детали: Како Камчев и Мијалков ги переле парите градејќи империја

Злосторничко здружение кое функционирало повеќе од 8 години, од 2009 година, кога биле отворани и затворани фирми, перени милиони и милиони евра, менувани сопственици, купуван огромен имот, отворани фирми на офшор дестинации за еднократна употреба, префрлувани пари преку кипарски банки, а потоа истите „испрани“ пари влегуваат како основачки влогови за да формираат македонски фирми, објави Макфакс.

Вака накратко може да се опише случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), каде што меѓудругите се осомничени едни од највлијателните луѓе во земјава, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Три месеци по почнувањето на истрагата, обвинителството излезе со детали за еден од најобемните предмети за кој засега е утврдено дека се испрани речиси 11 милиони евра.

Истрагата е проширена за „Графички центар“ и за „Медиа Принт Македонија“ (МПМ), извршени се претреси во фирмите, осомничените се испрашани и собрани се докази. Соработката меѓу Македонија и Кипар е воспоставена, па сега конечно на виделина излегуваат и имињата на оние кои се криеле зад офшор фирмите преку кои се переле пари.

Од крајот на јуни до крајот на октомври 2018 година дел од осомничените од „Империја“ биле под посебни истражни мерки.

„Мијалков не беше под посебни истражни мерки, Камчев многу внимателно зборуваше по телефон, но не и останатите осомничени“, велат од СЈО.

Без разлика како ќе се одвива понатаму истрагата за „Империја“ со оглед на тоа што статусот и истрагите на СЈО сè уште се неизвесни, оттаму велат дека собрани се речиси 90 отсто од доказите за случајот да може да продолжи понатаму.

„Злосторничкото здружение“ се распаѓа кон крајот на 2017 и почетокот на 2018 година, кога осомничените почнуваат да земаат кредити за да се раздолжат, но тоа не значи дека тука завршуваат и нивните поединечни активности.

Под лупа на СЈО е и фирмата поврзана со семејството Мијалкови, „Бест Веј Инвестмент“, формирана веднаш по обеледонувањето на таканаречените „бомби“ во 2015 година, чиј сопственик е синот на Сашо Мијалков, Јордан. СЈО истражува како се ширел бизнисот и како оваа фирма успева да заработи огромни суми пари и да се стекне со голем имот за само три години работа. Бест Веј Инвестмент ако во 2016 година имала приходи од 816 илјади евра, во 2017 година веќе приходите растат на 9,6 милиони евра, што само покажува дека независно кој е на власт, бизнисите на Мијалков работат со полна пареа.

Нови вести

Како Груевски ја бранеше Јанева дека била стручна, искусна и стабилна личност

24news

За Јанева нема место во „хашкиот оддел“ во Шутка

Igor

Катица Јанева утре ќе присуствува на погребот на својата мајка во Гевгелија

Filip