January 30, 2023 03:01
Магазин

Суперхикс Банда инструментале ја промовираа новата песна „Добар човек“

Суперхикс го промовираа својот нов сингл со наслов “Добар Човек” и анимиран видеоспот авторско дело на младите Меланија Димоска и Александар Несторовски.Ова е најновиот сингл на Суперхикс со наслов “Добар Човек”. Уште еден од неколкуте кои го најавуваат најновиот студиски албум на вашата Банда Инструментале.

„Суперхикс упатуваат апел и предлог до Министерството за здравство и сите останати релевантни установи да се субвенционираат сите антидепресиви и релаксирачко/смирувачки медикаменти. Македонија е рекордер по сите параметри за користење на антидепресиви и седативи по глава на жител па со ова значително би им се олеснило на корисниците а за жал ги има илјадници. Очекуваме одговор – час поскоро!”

Песната е снимена во студио ТРА ЛА ЛА (Мите Димовски), а музиката, текстот и аранжманот се на Суперхикс.