November 12, 2019 05:38
Магазин

Суперсоничниот „Бладхаунд” надмина брзина од 800 км/ч (видео)

Суперсоничниот автомобил „Бладхаунд” (ловечко куче) успеа во фаза на тестирањата да ja пробие бариерата од 800 километри на час. Но, целта е многу поголема брзина.

На тестирањата во Јужна Африка, возилото достигна брзина од 806,3 километри на час. Овој специјален автомобил со млазен мотор позајмен од воениот авион „Јурофајтер тајфун” до рекордот го доведе Енди Грин, возачот кој со, исто така – специјално направениот „Траст СХЦ” уште пред 22 години го постави и сега важечкиот рекорд од 1.228 километри на час. Проектот „Бладхаунд” има за цел – создавање пософистициран ракетен мотор уште во наредната 2020 година. Следната цел на конструкторската екипа е брзина од 1.000 милји на час, односно 1.609 километри на час

Нови вести

Неизвесно е дали ќе се одржи концертот на Енрике Иглесијас во Загреб

Igor

Бил Гејтс признава дека задоцнил со Windows Mobile, оставајќи му го пазарот да го освои Android

Igor

Девојката на Кијану Ривс ја споредуваат со Хелен Мирен

zane