August 24, 2019 20:16
Свет

Суд во Рим одобри закотвување на бродот Опен армс во Италија

Административниот суд во Рим денеска донесе пресуда дека бродот на шпанска хуманитарна организација „Опен армс”, со 160 мигранти на него, може да вплови во италијанските води. Судот ја усвои жалбата на таа организација на забраната бродот да се закотви во Италија, која ја донесе италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини.

Поради забраната на Салвини, бродот на шпанската организација чекаше две недели за дозвола за закотвување на италијанскиот брег.

Во овој период, според организацијата Опен армс, на некои мигранти на бродот им се влошило здравјето.

Италијанскиот суд во образложението на пресудата посочил дека е изречена поради исклучително тешката и итна состојба на мигрантите на бродот.

Шпанската невладина организација исто така изјави дека нејзиниот брод сега се движи кон италијанскиот брег.

Набргу по пресудата на италијанскиот суд, Салвини рече дека ќе продолжи да се спротивставува на влегувањето на хуманитарните бродови во италијанските пристаништа.

Нови вести

НАСА истражува први обвинувања за криминал во вселената

Igor

Штрајк во „Бритиш ервејз” ќе предизвика пет денови откажување на летови

Igor

Бразил ангажира 44.000 војници поради пожарите во Амазон

Igor