November 29, 2022 06:38
Свет

Судски процес против Дупон-Морети поради судир на интереси

Францускиот министер за правда Ерик Дупон-Морети ќе мора да се појави на суд поради судир на интереси, изјавија денеска неговите адвокати.

Тие истакнаа дека ја обжалиле одлуката.

Дупон-Морети минатата година беше обвинет за злоупотреба на функцијата за да се пресмета со противниците од неговата правна кариера, со што стана првиот актуелен француски министер за правда кој е обвинет во правна истрага.